17 Октомври, 2024
0.0293

Се огласи МАНУ: Никаде во светот не постојат две научни академии

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Македонската академија на науките и уметностите излезе со реакција по најавите од политичките партии на Албаците во власта за основање на академија на етничките Албанци во Македонија. Од таму велат дека никаде во светот во која било земја не постојат паралелни етнички научни академии.

„Напоменуваме дека во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии. Постојат примери во државите во регионот и пошироко за формирање на т.н. струкови академии во рамките на соодветни стручни здруженија (Академија за архитектура, Академија за медицински науки и др.), како и други научно-уметнички друштва во поголемите градови и во регионалните центри, но нема примери за формирање на паралелни национални академии“, се вели во соопштението од претседателството на МАНУ.

Од таму додаваат дека секогаш биле отворени за прием на академици од албанската етничка заедница и дека таму членуваат четворица Албанци како и исто толку надворешни соработници од овој етникум. Велат дека МАНУ како и другите национални академии треба да останат независни институции во кои нема да се меша политиката.

„МАНУ секогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од етничката, верската и од каква било друга припадност. За политичките партии и нивните влијанија никогаш немало место во неа. Од нејзиното основање до денес, членови во Академијата биле припадници на македонскиот народ, но исто така и на сите етнички заедници. Меѓу другите, се посочува во соопштението, во последните петнаесетина години, во составот на МАНУ членуваа четири члена со албанска етничка припадност (од коишто, во трите последователни раководства, еден од нив ја извршуваше функцијата научен секретар, а двајца беа потпретседатели на Академијата, од кои еден и со мандат во актуелното раководство на Академијата), како и четири члена надвор од работниот состав“, додаваат од МАНУ.

Во соопштението се наведува и дека МАНУ претставува најзначајна национална научна и уметничка институција од посебен општествен интерес во нашата држава, формирана во 1967 година, во согласност со највисоките универзални научни и уметнички стандарди и критериуми. Таа, повеќе децении наназад, со својата научно-истражувачка дејност, преку своето творештво и со советодавната улога, претставува столб во градењето и во зачувувањето на идентитетот и на државноста на македонскиот народ и на деловите од другите народи кои живеат во земјата.



Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ФИНАНСИРАЊЕТО НА АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА: СДСМ нема да гласа за буџетот на Општина Тетово за 2025 година

ПОРАДИ ФИНАНСИРАЊЕТО НА АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА: СДСМ нема да гласа за буџетот на Општина Тетово за 2025 година

МИЦКОСКИ: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

МИЦКОСКИ: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

Таравари: Директорите се тие што треба да ги казнат одговорните за смртта на 14 месечното бебе

Таравари: Директорите се тие што треба да ги казнат одговорните за смртта на 14 месечното бебе

Максим Димитриевски: Основач сум на фирма во Бугарија, но нема приходи

Максим Димитриевски: Основач сум на фирма во Бугарија, но нема приходи

САКАЛЕ ДА ПОЛОЖАТ ЦВЕЌЕ: Македонците во Бугарија добија забрана за одбележување на Кресненското востание

САКАЛЕ ДА ПОЛОЖАТ ЦВЕЌЕ: Македонците во Бугарија добија забрана за одбележување на Кресненското востание

МАЈКАТА ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА: Баба влегла на час и недолично се однесувала со внукот

МАЈКАТА ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА: Баба влегла на час и недолично се однесувала со внукот

Мицкоски: На новиот директор на АНБ му бил одземен, ама потоа му е вратен безбедносниот сертификат

Мицкоски: На новиот директор на АНБ му бил одземен, ама потоа му е вратен безбедносниот сертификат

Град Скопје откако беше одбиен за проекти од унгарскиот кредит: Секташка ментална состојба на Владата и Мицкоски

Град Скопје откако беше одбиен за проекти од унгарскиот кредит: Секташка ментална состојба на Владата и Мицкоски

Во недела стартува „КАЖИ ШИФРА“- следете нè со новиот подкаст на Женски магазин

Во недела стартува „КАЖИ ШИФРА“- следете нè со новиот подкаст на Женски магазин