16 Декември, 2025
0.0684

Градење на поотпорни заедници–врвен приоритет на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2016 13:22

Добивај вести на Viber

Стартува втората компонента од Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите.

Програмата, чија вкупна вредност изнесува 10 милиони евра и ќе се одвива во наредните две и пол години, е наменета за помош на земјата во надминување на штетите од поплавите во 2015 година и за реконструкција и градење поотпорна инфаструктура која ќе спречи поплави во иднина.

Втората компонента изнесува седум милиони евра за поддршка во спроведување на приоритетни мерки за намалување на ризиците од поплави во најпогодените подрачја.

Првата компонента од три милиони евра, потпишана на 11 декември 2015 година, се однесува на реконструкција на оштетените патишта и мостови, и нејзината имплементација е во тек.

Целта на новиот проект, финансиран од Европската унија, имплементиран од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), е да се реконструира оштетената водостопанска инфраструктура на шест локации во источниот, западниот, југоисточниот и пелагонискиот регион во земјата. Да се обнови регулацијата на речните корита и одводните системи на речните басени на Црна река и реката Струмица и да се рехабилитира и подобри управувањето со четири брани од приоритетно значење, Мавровица, Слатина, Дренска Река и Липа.

Дополнително, проектот ќе обезбеди целосна поддршка на ревелантните институции во примената на нови пристапи со цел да се подобри управувањето со новата инфраструктура и да се зголеми нејзината отпорност на поплави во иднина.

Концептот на „градење подобро“ ќе се употреби со цел да се постигне максимална отпорност и намалувањето на ризиците од поплави во најизложените региони во земјата.

Проектот ќе се имлпементира во тесна соработка со локалната власт во погодените подрачја, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање и Водостопанство.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“