Градоначалникот на Кичево би одел „против“ ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2017 17:50
Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари е уште еден функционер на ДУИ за кој поприфатливо во овој момент е да се биде политички противник на ВМРО-ДПМНЕ отколку повторно да се влезе во владина коалиција со нив. Тој овој став го искажа на средба со евроамбасадорот на ЕУ Самоел Жбогар.
На прашањето на Жбогар, дали е подобро ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со ДУИ или да му биде противник, Дехари рекол дека подобро би ја избрал за опонент, затоа што тоа би го мотивирало да работи повеќе.
Според амбасадорот Жбогар, многу е битно да се формира влада која ќе се занимава со приоритетните реформи, кои се нотирани во последниот извештај на Европската Комисија.
Традиционално ДУИ често сака да остави впечаток дека е сигурен партнер на меѓународниот фактор, па токму затоа овој став и не е големо изненадување, особено откако посочија дека нивна главна заложба освен албанската платформа ќе биде и исполнување на реформите.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




