05 Декември, 2025
0.0448

Градоначалникот на Општина Пласница на жителите им обезбеди заштитни маски и ракавици

Објавено во: Мои пари, Корона Вирус 19 Март, 2020 15:06

Добивај вести на Viber

Мобилни тимови денеска во Општина Пласница делеа 10000 заштитни маски и ракавици, донација од градоначалникот, Исмаил Јахоски. На сите ранливи групи, стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства на лица со попреченост, во исто време ќе им биде донирана помош во прехранбени производи.


Овој тип донација ќе биде во континуитет спроведувана се додека трае состојбата со корона вирусот. Распределбата започна од вработените во општинската администрацијата, а заштитни маски и ракавици се делат и во локалната амбуланта во Пласница и им се обезбедени сите потребни средства за работа. Градоначалникот Јахоски донираше 10 000 маски и ракавици и за жителите на Општина Долнени и уште 7 000 за жителите на Општина Македонски Брод, вклучително и во Здравствениот дом.

“Мора сите да придонесуваме за намалувањето на ширењето на корона вирусот. Ова не е донација туку помош во моменти кога најмногу треба да се помогне. Важно е сите да сме свесни и одговорни и да седиме дома, намалувајќи ги социјалните контакти на минимум. Мора да се почитуваат препораките за доброто на сите, пред се за доброто на нашите најблиски. Сега треба да помогне кој колку може, а самите помагаме ако ги почитуваме мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата”, изјави градоначалникот Јахоски.  


Општина Пласница се наоѓа во средишниот дел на Западна Македонија, каде се четири населени места, Пласница, Преглово, Лисичани и Дворци. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје