Добивај вести на Viber
Србинот од Македонија вложува во хотел во центарот на Белград, објави Б92. Повикувајќи се на објава на веб страната на српската канцеларија за дијаспора, Б92 најавува дека објавува дека градоначалникот на општината Центар и сопственик на Тинекс, Владимир Тодоровиќ му ја презентирал ваквата идеја на заменикот-директор на канцеларијата Александар Влајковиќ, кој ја посети Македонија по повод прославата на Свети Сава.
За време на престојот, Влајковиќ се сретнал со Тодоровиќ и со македонскиот премиер Никола Груевски. Според Б92, Тодоровиќ тогаш најавил дека ќе се распраша за купување на плац во Белград кај сопственици на една голема деловна зграда на улицата Кнез Михајло.
Премиерот Никола Груевски на средбата изразил надеж дека српските власти и градот Белград ќе ја поддржат македонската инвестиција, пишува Б92.