Добивај вести на Viber
Градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ на денешното отворање на клуб на пензионери во својата општина ги демантираше информациите кои ги објавија српските медиуми дека ќе гради хотел во српската престолнина, пренесе порталот Максим.
„Ми беше понудено да изградам хотел, но не излезе ништо од тоа. Нема да градам хотел во Белград“, изјави Тодоровиќ за Максим.
Инаку синоќа, српски Б92 објави текст со наслов„Србинот од Македонија вложува во хотел“. Повикувајќи се на објава на веб страната на српската канцеларија за дијаспора, Б92 најави дека градоначалникот на општината Центар и сопственик на Тинекс, Владимир Тодоровиќ му ја презентирал ваквата идеја на заменикот-директор на канцеларијата Александар Влајковиќ, кој ја посети Македонија по повод прославата на Свети Сава.Тодоровиќ тогаш се распрашувал за купување на плац во Белград кај сопственици на една голема деловна зграда на улицата Кнез Михајлова.