Градоначалникот Велимир Смилевски e позитивен на коронавирус
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Октомври, 2020
Градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски e позитивен на коронавирус.
Toj на својот Фејсбук профил пишува дека по малите симптоми кои ги почувствувал, веднаш направил тестирање за коронавирус и тестот е позитивен.
„Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција“, додава Смилевски.
За едно деноноќие во Македонија има 83 нови заразени со коронавирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.