15 Јануари, 2025
0.0253

Граѓаните мака мачат со враќање туѓи кредити

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Со збирен податок околу бројката на жиранти што враќаат туѓи заеми од банки, не располага ниедна институција. Секоја банка посебно си има своја статистика, но таа е за интерна употреба. Во банкарските кругови кружи бројка од илјадници заглавени граѓани. Граѓаните заглавиле со 83,5 милиони евра, што не можат да ги вратат. Статистички, дури над шест отсто од вкупноодобрените кредити на банките кај граѓаните се ризични за враќање. Поведени од приказните на жирантите, се обидовме да дојдеме до бројката колку македонски граѓани ја делат истата судбина. Резултат нема бидејќи ниедна институција не располага со збирен податок за бројката на изгорени граѓани. Секоја банка посебно си има своја статистика, но таа е за интерна употреба. Во банкарските кругови кружи бројка од илјадници измамени граѓани, пишува Дневник. -Пред пет години дојде јатрва ми со плачење дека итно и’ требаат пари и дека мора да земе кредит за да ги покрие долговите за струја и за вода бидејќи веќе имала извршно решение. Првин побара пари од мене, но кога сфати дека немам да ч позајмам, побара да и’ бидам жирант за да земе потрошувачки кредит. Не видов ништо лошо во тоа и потпишав. Не знаев дека тој потпис ќе ме чини пет илјади евра од мој џеб. Немаше ништо спорно една година. Ратите си ги намируваше таа, но потоа ненадејно заминаа во странство. По неколку месеци добив писмено известување од банката дека сум првиот жирант и ме известуваат дека има неплатени рати за три месеци. Од тогаш плаќам туѓ долг“, вели , Виолета Атанасовска од Скопје. Со ист проблем е и нејзиниот сограѓанин Владо Тодоровски, кој со цел да помогне на колешка, наместо благодарност, завршил со долгови на врат. -На работа ми се пожали дека е во тешка материјална состојба бидејќи и сопругот не работи. Не прашав зошто ч се парите, но претпоставувам за преживување и за затворање некои претходни долгови. Набргу остана без работа, па долговите кон банката ми ги остави мене. Се надевам дека еден ден ќе ми ги врати ако има“, вели тој. Во Народната банка велат дека во нивниот кредитен регистер немаат бројка колку жиранти враќаат туѓи кредити. Вакви податоци и анализи нема ниту во Македонското кредитното биро, кое им служи на банките. -Кредитното биро нема податоци колку граѓани враќаат туѓи кредити. Ние сме институција која само ги собира податоците што ни ги даваат банките. Не правиме ниту анализи нити статистика, а не даваме ни препораки. Секоја банка си има своја деловна политика. Ја интересира само намирувањето на долгот, но не и на кој начин“, вели директорката Славица Богоева. Податоците, пак, на Народната банка покажуваат дека граѓаните имаат речиси 1,4 милијарда евра долгови во банките. Од нив дури 83,5 милиони евра се ризични кредити за наплата, а колку од нив се враќаат со хипотеки или жиранти, никој не знае. Податоците покажуваат дека дури 6 проценти од вкупно издадените кредити, наместо од кредитобарателите, може да бидат наплатени хипотекарно или од жирантите. Жирантска треска ги тресе речиси сите поранешни југословенски републики. Српските медиуми веќе излегоа со бројка од Здружението на банк, според кое, околу 74 луѓе враќаат туѓи кредити, а над 2.000 чекаат да заврши судската постапка, со која треба да се утврди дали и колку ќе плаќаат од туѓиот кредит.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања