16 Јануари, 2025
0.3087

Граѓаните од социјалните станови да достават барање за откуп или закуп на станот најдоцна до 31 март!

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

На денешниот одржан состанок со раководителите на подрачните единици во врска со измените во Закон за домување министерот Миле Јанакиески , директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов ги инфирмираа граѓаните дека  најдоцна до 31-март треба да достават барање за откуп или закуп на станот.

Тоа важи за корисниците  на општествени станови, лицата со ниски примања кои имаат договори за закуп до 2006-та година и дивовселените лица.

Во текот на следниов месец, на сите наведени лица ќе им се укаже можност да го откупат станот во кој сега живеат или да направат договор за закуп.

-Законот за домување е стапен на сила на 7-ми јануари. Барањата можат да се доставуваат најдоцна до 3-ти март и за откуп и за закуп на станот. Сите корисници ќе бидат посетени, ќе им се презентираат измените во законот и ќе бидат информирани како да го достават барањето. Граѓаните треба да достават само барање во предвидениот рок, а целата останата документација ќе биде средена по службена должност, рече министерот Јанакиески по денешниот состанок.

Екипите на терен ќе работат двосменски за да можат да се посетат сите општественистановистановите со договор за закуп до 2006-та година и дивовселените станови.

-Апелирам поскоро да биде комплетирана документацијата. Подрачните единици на Акционерското друштво ќе работат од 8:30 часот наутро до 19:00 часот, за да можат да се посетат сите, а некои од нив работат до 16 или 17 часот. Теренска контрола ќе има и во сабота и недела, рече директорот Грозданов.

Тимовите на терен излегуваат веќе во понеделник. Ако корисниците на општествените станови не поднесат барање за откуп или закуп до предвидениот рок, кој досега неколку пати се продолжуваше, ќе им биде одземено правото.

Можеби ќе ве интересира

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус