18 Јануари, 2025
0.0236

Граѓаните имаат слух за акцијата „Се грижиме за топол дом“

Објавено во: Мои пари 09 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Преку акцијата „Се грижиме за топол дом“ на Министерството за труд и социјална политика која се одвива според принципот „Прв јавен, прв услужен“, граѓаните масовно ја покажуваат својата хуманост.

Бизнисменот  Пане Темов, кој денеска  донираше брачен кревет на социјално семејство, истакна дека ова е прва работа што ја донира и планира во иднина да продолжи да  подарува дел од покуќнината што не ја користи. -Акцијата на Министерството за труд и социјална политика е многу хумана и ги повикувам моите сограѓани да донираат  покуќнина, мебел и останати средства за социјалните семејства што имаат потреба од тоа, изјави Темов.

Акцијата е наменета за лицата кои се евидентирани во системот на социјална заштита преку 30 Центри за социјална работа во  Македонија, односно остваруваат одредени права согласно со Законот за социјална заштита.

Донираната покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, опрема за деца, велосипеди и друго треба да бидат функционални и употребливи и ќе бидат наменети за корисниците на социјална заштита.

Граѓаните кои сакаат да донираат ќе можат да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 55 800 и на е-маилdonacija@mtsp.gov.mk.

Социјално загрозените лица кои ќе примат одредена донација нема да може да бидат услужени со иста таква во наредните три години.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение