12 Декември, 2025
0.0327

„Гранит“ вади стара пара! Колкава е дивидендата од добивката што ја чувале над 14 години?

Објавено во: Финансии 08 Мај, 2023 07:24

Добивај вести на Viber

Пред 2008 година Гранит под водство на Страшо Милковски направил добивка која повеќе од 14 години се чувала како нераспределена. Станува збор за добивка од 1,6 милиони евра. Од тие пари децата на Милковски, благодарејќи на акциите што ги наследија од него, ќе поделат дивиденда од околу 270.000 евра. Навистина, Зоран и Ивана имаат грижлив татко каков што би посакал секој

Најголемата македонска градежна “Гранит“ одлучи да подели 1,62 милиони евра бруто дивиденда. Ова е дел од предлог одлуката што ќе се најде на гласање на претстојното акционерско собрание на таа компанија закажано за овој месец.

Куриозитет е тоа што „Гранит“ за да ги задолови потребите на своите акционери посегна длабоко во своето „чекмеџе“ од кое извади нераспределена добивка од пред 14 години или поточно добивка која била акумулирана пред 2008 година.

Паралелно со оваа предлог одлука на претстојното собрание акционерите ќе одлучат за предлогот со кој добивката за 2022 година се резервира за идни инвестиции. Станува збор за профит од 2 милиони евра.

Што се однесува до дивидендата за 2022 година, планот е таа да изнесува 60 евроценти односно бруто износ од 36 денари. На тоа ќе се пресмета персонален данок од 10 отсто за физички лица и ист износ (10 отсто) на задржан данок на добивка за нерезиденти односно акционери странски правни лица.

Износот на дивиденда што го исплаќа „Гранит“ е идентичен на ланската исплата на дивиденда од добивката за 2021 година.

Во споредба со последната пазарна цена на таа „блу-чип“ акција дивидената би носела принос кој е понизок од 3 отсто од последната пазарна цена на акцијата. Ова значи дека, од овој аспект, акцијата на „Гранит“ веќе не е конкурентна на банкарските камати на орочени депозити за штедење на период од една или повеќе години.

Најголеми акционери на „Гранит“ се Зоран и Ивана Милковски деца на Страшо Милковски актуелен претседател на Управниот одбор, кој беше повеќе од две децении генерален директор на најголемата македонска градежна компанија. Тие заедно поседуваат 18 отсто од сите акции во „Гранит“, а најголем дел од нив се наследство од нивниот татко.

Тие заедно, за нивните акции во „Гранит“ ќе поделат нето износ од 270.000 евра дивиденда од добивката која ја остварила компанијата во време кога ја водел нивниот татко, а досега не била реинвестирана ниту пак распределена како дивиденда.

Целиот текст на предлог одлуката за дивиденда е достапен на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=63518

Р.Ф.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори

ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?

Нов извештај од Германците покажува: Ова се најдобрите, а ова се најлошите автомобили

Нов извештај од Германците покажува: Ова се најдобрите, а ова се најлошите автомобили

„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието

„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието

СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра

СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра

МФ: Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5%, рочноста 2 години

МФ: Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5%, рочноста 2 години