19 Декември, 2025
0.0530

Грант до 20 отсто со новата кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на енергетско ефикасни домаќинства

Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2022 13:03

Добивај вести на Viber

Програмата за поддршка на финансирање на зелената економија (GEFF) повторно се проширува, благодарение на успешната соработка помеѓу ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој. Во насока на промоција на инвестициите во зелени технилогии, ЕБОР обезбеди грант од 1,5 милиони евра, средствата наменети за поддршка на домаќинствата кои планираат да инвестираат во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Една од главните придобивки кои програмата GEFF ќе ја обезбеди за клиентите на ПроКредит Банка е можноста за поврат на средства во висина до 20% од вредноста на доделениот кредит за инвестиции во „зелени технологии”, како: соларни панели, котли, топлински пумпи, прозорци и изолација.

“Продолжуваме со успешната соработка со ЕБОР во поддршка на домаќинствата во Македонија кои сакаат да направат енергетски ефикасни инвестиции и зголемување на енергетска независност, што е од особено значење во сегашни услови на зголемување на цената на електрична енергија. За таа цел потпишавме нов договор со ЕБОР преку програмата GEFFсо која може да пласираме кредити за инвестиции во фотоволтаици, системи за ладење и греење, топлински пумпи, прозорци и врати, внатрешна и надворешна изолација. Главен бенефит за клиентите е  грант или  поврат на направените инвестиции до 20%. Ова претставува дел од нашите заложби за градење одржлива и “зелена иднина” и е во рамките на корпоративната филозофија на ПроКредит Банка за посветеноста на промоција на еко-инвестиции кои ќе направат вистински импакт во општеството “ – изјави Стевче Кузмановски, Член на Управен Одбор на ПроКредит Банка.

Повеќе информации за новата GEFF кредитна линија на ПроКредит банка може да најдете на: https://www.pcb.mk/geff-programa-za-eko-kredit.nspx

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“