20 Март, 2023
0.0228

ГРЧКАТА НБГ ГИ НАДМИНА СИТЕ ОЧЕКУВАЊА - лани оствари основна оперативна добивка од 700 милиони евра, раст за дури 57 отсто

Објавено во: Финансии 15 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Националната банка на Грција, Групација во чија сопственост е Стопанска банка Скопје, во минатата година остварила основна профитабилност од безмалку 700 милиони евра, што далеку ги надминува предвидувањата кои се движеа на околу 500 милиони евра, а во однос на претходната 2021 година е раст за дури 57 проценти. 

Нето приходите од камати лани се зголемиле за 13 отсто на годишно ниво, додека има значителчно намалување на нефункционалната изложеност. 

Потоа, како што објавија од банката, имаат солиден раст на приходите од провизии, или плус 21 отсто на годишно ниво, одразувајќи силен раст од сите деловни области, поттикнат од повисоката побарувачка за трансакции.

Оперативните расходи, пак, имаа раст од само 3 отсто годишно, и покрај високата инфлација во 2022 година и зголемените трошоци за амортизација.

Практично, значајното проширување на основниот приход од 15 отсто годишно, заедно со ограничените трошоци и трошоците за кредитен ризик доведе до зголемување на основната оперативна добивка за 57 отсто, достигнувајќи за лани дури 695 милиони евра. 

Од банката велат дека нивната програма за трансформација е конкурентна предност, поддржувајќи брзи промени и постигнување на целта. Ова особено се однесува на видливо подобрување на комерцијалната ефикасност на НБГ, зголемената миграција кон дигиталните канали и континуираните напори за оперативна ефикасност преку рационализирање и автоматизација на процесите и надградба на технологијата, вклучително и тековната замена на основниот банкарски систем.

Широко признати за нашата дигитална понуда, рангирана меѓу првите 10 отсто дигитални шампиони во Глобалното истражување за зрелост на дигитално банкарство за 2022 година на Deloitte, од глобален примерок од повеќе од 300 актуелни и предизвикувачки банки; нашата богата понуда продолжува да дава импресивни резултати, при што дигиталните претплатници и активните корисници достигнаа 3,7 милиони, односно плус 7 отсто годишно и 2,7 милиони, односно плус 10 отсто годишно во четвртиот квартал од 2022 година, додека дигиталната продажба се зголеми за 34 отсто на годишно ниво на речиси еден милион единици“, објаснуваат во својот извештај од банката.

Стратегијата за животната средина и климата во рамките на нивната поширока ESG агенда го води пазарот во финансирање на одржлива енергија и има за цел да ги примени најдобрите практики за поддршка на преминот на нивните клиенти кон еколошки одговорни практики.

Исто така, има надградба на кредитниот рејтинг на НБГ од страна на сите рејтинг агенции, како одраз на структурните подобрувања во квалитетот на нивните средства, адекватноста на капиталот и основната профитабилност. НБГ го одржува највисокиот кредитен рејтинг во Грција, на „ББ-“. 

„Почнувајќи од економските перформанси на Грција, економскиот раст остана силен во текот на минатата година, надминувајќи ги ризиците предизвикани од инфлацијата, поддржан од засилениот туризам, континуираната фискална поддршка, силните услови на пазарот на трудот, како и наглото закрепнување на корпоративната профитабилност. Наспроти оваа позитивна економска позадина, НБГ демонстрираше забележлива сила, обезбедувајќи супериорни перформанси во сите насоки на деловното работење, користејќи го подобрениот модел на работење што беше создаден со нашите успешни четиригодишни напори за трансформација. Што се однесува до профитабилноста, основната оперативна добивка на Групацијата лани се зголеми за 57 отсто на годишно ниво, до неодамнешното високо ниво од 0,7 милијарди евра, што е далеку над годишното предвидување од 0,5 милијарди евра, додека нашиот припишан PAT достигна 1,1 милијарди евра, што е зголемување за 29 отсто на годишно ниво“, потенцираат од банката. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ - швајцарската Влада и централна банка досега за УБС и Кредит Свис обезбедија 260 милијарди франци

ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ - швајцарската Влада и централна банка досега за УБС и Кредит Свис обезбедија 260 милијарди франци

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СКЕНИРАЧИТЕ НА ФИСКАЛНИ, ОСОБЕНО ЗА ПОБОГАТИТЕ - прагот за поврат преку МојДДВ се зголемува на 2.100 денари

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СКЕНИРАЧИТЕ НА ФИСКАЛНИ, ОСОБЕНО ЗА ПОБОГАТИТЕ - прагот за поврат преку МојДДВ се зголемува на 2.100 денари

ЊУЈОРШКА БАНКА ГО КУПУВА ГЛАВНИОТ ДЕЛ НА SIGNATURE BANKI - сумата изнесува 2,7 милијарди долари

ЊУЈОРШКА БАНКА ГО КУПУВА ГЛАВНИОТ ДЕЛ НА SIGNATURE BANKI - сумата изнесува 2,7 милијарди долари

ИТЕН СОСТАНОК ВО ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - се собираат членовите на Надзорниот одбор, тема се потресите на пазарите

ИТЕН СОСТАНОК ВО ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - се собираат членовите на Надзорниот одбор, тема се потресите на пазарите

СЕ ЈАВИ ТРИФУН КОСТОВСКИ, ПОРАНЕШНИОТ ГАЗДА: Зградата на бившата Еуростандард банка не смее да биде подолу од 12 милиони евра

СЕ ЈАВИ ТРИФУН КОСТОВСКИ, ПОРАНЕШНИОТ ГАЗДА: Зградата на бившата Еуростандард банка не смее да биде подолу од 12 милиони евра

ПАНТЕЛЕОН ГС ЈА КУПУВА ЗГРАДАТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА? Понудивме 5,37 милиони евра - се очекува одобрување од Собранието на доверители

ПАНТЕЛЕОН ГС ЈА КУПУВА ЗГРАДАТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА? Понудивме 5,37 милиони евра - се очекува одобрување од Собранието на доверители

ПАРИТЕ НА НАШИТЕ БАНКИ СЕ ГЛАВНО ДОМА, БЕЗБЕДНИ СЕ ЦЕЛОСНО ОД ПОТРЕСИТЕ НАДВОР - гувернерката Ангеловска-Бежоска за Фактор

ПАРИТЕ НА НАШИТЕ БАНКИ СЕ ГЛАВНО ДОМА, БЕЗБЕДНИ СЕ ЦЕЛОСНО ОД ПОТРЕСИТЕ НАДВОР - гувернерката Ангеловска-Бежоска за Фактор

КОЛКУ СЕ ГОЛЕМИ И МОЌНИ НАШИТЕ БАНКИ, ФАКТОР СО НАЈНОВИ БРОЈКИ - еве ја активата, НБМ вели „Пропаста на СВБ ништо не им може“

КОЛКУ СЕ ГОЛЕМИ И МОЌНИ НАШИТЕ БАНКИ, ФАКТОР СО НАЈНОВИ БРОЈКИ - еве ја активата, НБМ вели „Пропаста на СВБ ништо не им може“

ЕЦБ УТРЕ ПОВТОРНО ГИ КРЕВА КАМАТИТЕ: Експертите велат дека зголемувањето од 0,5 поени е извесно и покрај проблемите на банкарскиот пазар во светот

ЕЦБ УТРЕ ПОВТОРНО ГИ КРЕВА КАМАТИТЕ: Експертите велат дека зголемувањето од 0,5 поени е извесно и покрај проблемите на банкарскиот пазар во светот