Добивај вести на Viber
Под обвинение за перење пари, грчката полиција денеска го уапси грчкиот бродски магнат, Викторас Рестис, објави весникот „Етнос“.
Весникот наведува дека против Рестис се подигнати три сериозни обвиненија, за присвојување на средства, за легализирање на приходи од криминални активности и за формирање на криминална организација.
Рестис се товари и поради тоа дека банката ФББ, која е во негова сопственост, доделувала сомнителени кредити на фирми блиски до него. Средствата откако ќе поминале преку офшор компании повторно биле враќани на сметката на Рестис.
Рестис е еден од финансиерите на „Карфур Бугарија, има инвестиции на црногорскиот остров Свети Стефан, а поседува и 40 проценти од акциите на грчкиот весник „Прото тема“.