Добивај вести на Viber
Оглас за вработување на две илјади лица во новиот јавен радиодифузен сервис кој ќе го замени ЕРТ деновиве ќе објави Владата на Грција, јавува дописникот на МИА од Атина.
Заменик-министерот за култура, Пантелис Капсис, кој е задолжен за формирање на новиот јавен РТВ сервис, изјави дека Владата веднаш ќе вработи 500 лица. Тој информира дека уште 1.500 ќе бидат ангажирани откако сегашниот персонал ќе го напушти седиштето на ЕРТ, од каде се уште емитува телевизиски програми онлајн во знак на протест поради одлуката на Владата да го затвори националниот државниот сервис.
Како што информира Капсис, повеќето од нововработените ќе бидат од постоечкиот персонал на ЕРТ, каде работат околу 2.600 лица.