Добивај вести на Viber
Грчките државни службеници од Министерството за култура денеска се собраа пред портите на Акропол за да го изнесат своето незадоволство, откако Владата најави дека следниот месец ќе бидат отпуштени 500 работници од овој ресор.
Археолозите се собрале пред легендарниот Акропол, но од почит кон грчкото богатство, не го блокирале влезот за посетителите. Во знак на протест, неколку музеи ширум Грција се затворени.
Владата на меѓународните кредитори им ветила дека го крајот на годината ќе бидат суспендирани 25.000 вработени, а третина од нив ќе бидат отпуштени.