16 Декември, 2025
0.0352

Грчките националисти лути на солунскиот градоначалник и неговата посета на Македонија

Објавено во: Балкан 11 Декември, 2013 19:35

Добивај вести на Viber

Грчките националисти се лути на солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис кој во Скопје, за време на бизнис презентацијата за Солун стоел пред банер на кој пишуваше „Стопанската комора на Македонија“. Информацијата и настанот до детали го пренесуваа повеќе грчки медиуми, а денеска фотографијата на Бутарис пред банерот изнуди силни реакции меѓу грчките читатели. Коментарите на интернет сајтовите беа бројни, а Бутарис се најде на удар и на повеќе грчки блогови. Како што јави МИА, повеќето од граганите во своите коментари истакнале дека Бутарис се согласил да седи пред натписот, со што покажал дека прифаќа кражба на името на грчка Македонија. Од кабинетот на Бутарис, пак изјавиле дека градоначалникот не забележал што пишувало на банерот зад него. Солунскиот градоначалник, покрај бизнис средбата во Стопанската комора во Скопје, се сретна и со својот колега од Скопје, Коце Трајановски на која се разговарало за продлабочување на соработката меѓу двата гадови. Со Бутарис од Солун дојдоа и повеќе бизнисмени, стопанственици и претставници на транспортниот и угостителскиот сектор од Солун.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата