Добивај вести на Viber
Македонските казина се местата каде грчките пејачи си најдоа засолниште за своите настапи. Поради економската криза која ја зафати Грција , пејачите се принудени да бараат спас надвор од неа.
Пеги Зина, Ангела Димитриу, Јоргос Маргаритис, Танос Петрелис и Каити Гарби се само дел од имињата кои настапувале во Македонија.
За денот на вљубените свој настап требаше да има уште еден пејач од Грција, но негативни критики за доаѓањето во Македонија, го натераа младиот уметник да го откаже настапот.