Добивај вести на Viber
Условот кој меѓународните кредитори и го поставија на Грција со цел и понатаму да и нудат финансиска помош, денеска го усвоија грчките пратеници. Имено, Комисијата за економски прашања на парламентот му даде зелено свтело на пакетот предлог-закони со кои се предвидуваат серија измени, меѓу кои и во државниот сектор и даночната политика.
„За“ пакетот предлог-закони гласаа претениците од Нова демократија и ПАСОК, додека претставниците на Демократската левица, која минатиот месец ја напушти владејачката коалиција, се изјаснија „против“.
Дебатите за пакет предлог-законите, каде се вклучени над 100 измени ќе продолжат на пленарна седница на Парламентот, а по нив најверојатно ќе се гласа в среда.