Добивај вести на Viber
И покрај масовните протести против новите мерки на штедење, грчите пратеници вчера ги усвоија овие реформи кои предвидуваат отпуштање и преместување на 25.000 работници во јавниот сектор. Образложението за ваквиот потег е дека овие пакет мерки се неопходни за продолжување на исплатата на меѓународна помош во висина од 6,8 милијардие вра.
Пред гласањето околу 3.000 лица мирно протестираа пред зградата на парламентот во центарот на Атина.
Според предложените реформи, работниците во јавниот сектор, вклучувајќи ги наставниците и полицајците, ќе имаат осум месеци да најдат нова работа или да ја прифатат онаа што ќе им биде понудена. Во спротивно, ќе бидат отпуштени.