Грчките трговски фирми со се помала заработувачка
Објавено во: Балкан 12 Август, 2013
Во периодот од 2009 до 2013 година забележан е пад од 85 проценти на заработката на грчките трговски фирми, покажуваат резултатите од анкетата на Националната федерација на трговците.
Сите трговци изјавија дека не се задоволни од мерките на Владата, додека 43 проценти од нив наведоа дека очекуваат продлабочување на рецесија во иднина.
Поради кризата, 42 отсто од трговците изјавиле дека најверојатно ќе бидат принудени да ги затворат фирмите, 74 проценти од нив посочиле дека се обидуваат да ги задржат вработените, а 15 отсто дека сакаат да го намалат бројот на вработени. Само 10 проценти од трговците истакнале оти е можно да го зголемат бројот на вработени.
Во периодот 2012-2013 година се очекува прометот на фирмите да падне за 26,7 отсто.