16 Декември, 2025
0.0569

Грција го усвои буџетот за 2014

Објавено во: Балкан 08 Декември, 2013 10:36

Добивај вести на Viber

Грчките пратеници синоќа го прифатија буџетот за 2014 година со кој се планира да се оствари заштеда поголема од три милијарди евра и според кој земјата оптоварена со долгови следната година би требало да излезе од шестгодишната рецесија. Грција во 2014 година очекува раст на бруто домашниот производ (БДП) од 0,6 отсто, надевајќи се дека ќе осигури повеќе простор за маневрирање за враќање на своите големи долгови. На гласањето од 300 пратеници, предлог буџетот го поддржаа 153 пратеници од двете владејачки партии, конзервативната Неа демократија и социјалистите од Пасок. Против грчкиот буџет за 2014 година беа 142 пратеници и еден воздржани, а во гласањето не учествуваа и тројцата пратеници на неофашистичката Златна зора кои се во затвор по акцијата на властите по оваа партија по низата инциденти поврзани со нејзиното дејствување. Пратениците од левата коалиција Димар којашто во јуни годинава ја напушти владејачката коалиција, гласаше против буџетот барајќи измени на односите меѓу Грција и Европската унија и странските кредитори. Владата во Атина предвидува дека во оваа година ќе оствари буџетски вишок од 812 милиони евра, благодарение на приходите од даноците повисоките од очекуваните.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата