Грција ја продаде лотаријата
Објавено во: Балкан 13 Август, 2013
Грција ја заврши продажбата на 33 проценти од уделот во државната монополска компанија за организирање лотарија и обложување на спортски резултати, ОПАП. Триесет и три отсто од уделот во ОПАП се продадени за 652 милиони евра.
Нов соственик на фирмата е чешко-грчкиот конзорциум „Ема Делта“, соопшти Државниот фонд за приватизација на Грција.
Продажбата на една третина од ОПАП е првата приватизација, која од Грција ја бараа Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во рамки на спогодбата за финасиска помош.
Атина продажбата ја објави уште во мај, но таа се оддолжи поради спорот за надоместоците, кои ОПАП требаше да им ги плати на своите партнери за технолошки услуги и печатење.
ОПАП е една од најголемите лотариски фирми во Европа со акции на берзата и обрт од околу четири милијарди евра. Фирмата има монопол на спортски обложувања до 2020 година, а на лотаријата до 2030. Исто така поседува ексклузивни права за користење на видеолотарискиот терминал ВЛТ.
ОПАП нема никакви долгови и е најпрофитабилна фирма во Грција.