Добивај вести на Viber
Грција сепак одличи да приватизира дел од лотаријата која досега беше под државна капа. Надлешните денеска ја спроведоа првата голема приватизација и продадоа дел од својата лотарија на грчко-чешки инвестициски конзорциум Ема Делта.
Како што пренесува ДПА, од зделката Грција ќе добие 652 милиони евра од конзорциумот по продажбата на 33 проценти од акциите на компанијата за спортско обложување ОПАП.
Според министерот за финансии Јанис Стурнарас, Грција покажува дека продолжува со спроведување на реформите.
„Ова е силна порака до меѓународната заедница дека Атина е решена и има способност да ја спроведе приватизацијата“, изјави Стурнарас по потпишувањето на договорот за продажба на акциите.