16 Декември, 2025
0.0630

Грција се извлече – Кипар е на удар на кредиторите

Објавено во: Балкан 08 Мај, 2014 08:12

Добивај вести на Viber

Со средба за проблемот со зголемените нефункционални кредити во банките во Кипар започна новата мисија на тројката меѓународни кредитори во Кипар. Во текот на идните две недели тие ќе ја направат четвртата проценка за напредокот на земјата во исполнувањето на спасителниот договор. Во март минатата година западнатиот во финансиски колапс Кипар доби финансиска помош од 10 милијарди евра од тројката меѓународни кредитори, против спроведувањето на тешка регенеративна програма. Преструктуирањето на банкарскиот сектор во Кипар и ситуацијата со нефункционални заеми, реформата во економијата и приватизацијата, како и воведувањето на новиот систем на здравствено осигурување во Кипар се главните теми на четвртата проценителна мисија на Тројката на островот. Зголемувањето на нефункционалните банкарски кредити, кои веќе се во износ од над 26 милијарди евра, се пријавени како сериозен проблем за финансиската стабилизација на Кипар. По претходна информација мисијата ќе инсистира на строги итни чекори за собирање на обврските, бидејќи нивното присуство е главен извор на идна несигурност за економијата на островот. Нефункционалните кредити се оценуваат и како еден од факторите на ризик при спроведување во текот на летото на стрес - тестовите на кипарските банки. Се смета дека прашањето со нив треба да се реши во рамките на една година, односно до средината на 2015 година. Во програмата оваа недела е и прегледот на извршувањето на плановите за реструктуирање на банките во Кипар. Нов момент во оценките на тројката е потенцијалното влијание на кризата во Украина, бидејќи тоа може да се одрази негативно врз кипарската економија. Сериозен проблем во проверката на тројката е и подготвеноста за воведување на новиот систем на здравствено осигурување. Еднаш веќе владата на Кипар добие продолжување на роковите. Министерот за здравство Филипос Патсалис им ги претстави на мисијата деталните од “патна карта" со сите чекори кои треба да се направат во законодавството и реформата на државните болници, за да може да се испочитува договорениот распоред за прогресивна примена на новиот систем во 2015 година и завршувањето во 2016 година. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата