16 Декември, 2025
0.0726

Грција се подготвува да се врати на финансиските пазари пред втората половина на 2014 година

Објавено во: Балкан 06 Декември, 2013 12:14

Добивај вести на Viber

Грција , која е лишена од пристап до финансиските пазари од избувнувањето на должничката криза пред три години , се подготвува да се врати на овие пазари во втората половина на 2014 година , изјави денеска грчкиот заменик- министер за финансии Христос Стаикурас , пренесе агенцијата " Франс прес " . - Свесен за оптимистичките макроекономски индикатори , ние спроведуваме финансиски техники кои ќе и овозможат враќање на Грција на меѓународните пазари и кон среднорочни кредити во втората половина на 2014 година , потврди Стаикурас по повод дискусиите во грчкиот парламент за нацрт-буџетот за 2014 година Откако Грција прибегна кон спасувачкиот план од ЕУ и ММФ во 2010 година , земјата може да зема само краткорочни заеми. Грчката влада предвидува за следната година примарен буџетски суфицит од 1,6 отсто или околу 3 милијарди евра и благ пораст на бруто домашниот производ од 0,6 проценти по шест последователни години на рецесија. Стаикурас потсети дека во 2013 година Грција се очекува да реализира за првпат по децении примарен буџетски суфицит во износ од 812 милиони евра. Нацрт-буџетот беше изработен во клима на постепено враќање кон финансиска и макроекономска стабилност , се пофали тој. Дебатите за предлог-буџетот за 2014 година , кои почнаа во вторникот вечерта , треба да завршат со гласање во текот на ноќта во саботата кон неделата .

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата