Добивај вести на Viber
Поради кризата годинава 73% од Грците нема да имаат можности за да заминат на одмор, додека истовремено, оние кои сепак заминуваат на одмот, оваа година ќе го скратат неговото времетраење. Ваквите податоци беа објавени од Институтот за истражување на потрошувачите по претходно спроведена анкета.
Така ако годинава 73 отсто од Грците, во споредба со 69 отсто лани, остануваат дома. Како главна причина во 70% од случаите се наведуваат финансиите, 22% анкетирани сметаат дека причините за тоа се поврзани со несигурноста на работното место и со нестабилност на примањата.
Според пресметките, за 15 дена одмор четиричлено семејство во Грција треба да даде околу 2.700 евра.