18 Јануари, 2025
0.0331

ГРДОТО ЛИЦЕ НА МАКЕДОНИЈА: Ги згрижува ли некој бездомниците кои секој ден се на улица?

Објавено во: Македонија 29 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Во поголемите македонски градови, и во Скопје секојдневно може да се сретнат бездомни лица на улица кои просат.

Граѓаните се сложуваат дека ова дава грда слика за Македонија, но сметаат дека тие луѓе треба да бидат згрижени во соодветни институции.

„Сега видов една жена која лежи на улица. Да има каде и таа би се прибрала, не би седела на улица. Државата треба да биде поодговорна и да ги згрижува“, вели средовечен граѓанин.

Бездомници има од различни возрасни групи, а сите имале различен сплет на околности кој ги довел до тоа да живеат на улица.

„Тоа е многу лоша појава. Би требало да се најде некое решение, иако можеби сите не се бездомници. Јас често гледам вакви луѓе, им давам пари, просат, но можеби некои тоа го злоупотребуваат. За оние кои немаат дом, згрижување треба да има“, изјави Фросина Максимовиќ, граѓанка.

Од Министерството за труд и социјална политика, велат дека постапка за заштита на лицето коешто е во ризик на бездомништво спроведува месно надлежниот Центар за социјални работи. За да едно лице биде згрижено, мора и самото да прифати таква помош од државата.

„Стручен тим од Центарот ги утврдува потребите на лицето коешто е во социјален ризик. Се проверува дали има семејство коешто може да му даде поддршка и дали ги исполнува условите за остварување на право од социјална заштита (парична или друг вид на помош). Доколку се утврди дека лицето нема дом, и нема други извори за егзистенција му се нуди сместување за кое самото треба да даде согласност, но и други права и услуги од социјалната заштита“, одговараат од МТСП.

Но, не се знае колку точно бездомници има во државата, иако најголем број се од Скопје, па дури има и случаи кога бездомници од внатрешноста доаѓаат во главниот град.

„Центарот за социјална работа Скопје во соработка со граѓански организации  активно ја имплементираат - Програмата за поддржаното живеење на бездомни лица со која се опфатени 15 семејства коишто престојуваа во субстандардни услови под Кале. Семејства во моментот се сместени во Визбегово, децата редовно посетуваат настава, а возрасните се вклучени во различни форми и содржини на работа за стекнување на животни и работни вештини, со цел да бидат оспособени за самостојно живеење и интеграција во социјалната средина. Исто така 65  бездомни лица престојуваат во Центар за бездомни лица Чичино село. Згрижувањето на лицата во овој Центар може да се оствари само по претходно добиена согласност од самото лице бездомник. Во насока на обезбедување на засолниште во текот на зимските месеци кога надворешната температура е ниска и има опасност по животот и здравјето за бездомните лица, Министерството за труд и социјална политика во ноември 2018 година, дополнително презеде активностите за заштита и сместување на бездомни лица, на територијата на град Скопје и смести околу 85 лица, во установа за социјална заштита“, велат од МТСП.

Во земјата функционираат и 4 регионални прифатни пунктови. Во Скопје е активен  пунктот за интервентно сместување на бездомни лица Момин поток менаџиран од страна на Црвениот крст, чии активности секоја година се финансиски поддржани од страна на МТСП, а во истиот циркулираат околу 60 бездомни лица / лица кои живеат во субстандардни услови за домување, каде добиваат, лекарски преглед, топол оброк,  психосоцијална поддршка и лична хигиена. Истиот во текот на целата година функционира еднаш во неделата, додека во услови на екстремно ниски зимски температури е отворен за преноќување. Исто така во соработка со Црвен крст и Центрите за социјални работи во функција се регионални пунктови во Битола, Струга и Струмица.

Во изминативе две години имаше случаи на бездомници кои починаа од студ, во Скопје, Битола, Струмица. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача

АВТОБУС НА ЈСП ПРЕГАЗИ ПЕШАК: Човекот е во животозагрозувачка состојба

АВТОБУС НА ЈСП ПРЕГАЗИ ПЕШАК: Човекот е во животозагрозувачка состојба

АИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ АДВОКАТИТЕ, ЗОШТО НЕ МОЖЕ ДА ГО НОСИ СУДИЈАТА НА РУЧЕК: Но АИ ќе ги замени приправниците - адвокатот Јанаки со не толку добри прогнози

АИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ АДВОКАТИТЕ, ЗОШТО НЕ МОЖЕ ДА ГО НОСИ СУДИЈАТА НА РУЧЕК: Но АИ ќе ги замени приправниците - адвокатот Јанаки со не толку добри прогнози

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции