Грешки кои ги правите при барање на работа
Објавено во: Финансии 22 Мај, 2016
Барањето работа е тешка задача, а честото одбивање на интервјуата за работа може да влијае негативно на самодовербата.
Ако долго време барате работа, обрнете внимание на кој начин го правите тоа и дали грешите во нешто.
Избегнувајте ги грешките кои можат да ве чинат работно место.
Не сте доволно активни. Сакате работата да ви „падне од небо“. Потрагата по работа мора да биде активна, а треба да се научат и нови вештини за барање на истата.
Немате доволно интерес за работата за која аплицирате, а работодавците тоа го забележуваат.
Ако не знаете да ги презентирате своите знаења и вештини, нема да ја добиете работата.
Немојте да праќате лошо цв кога конкурирате за работа. Колку подобро цв толку поголеми шанси за работа.
На разговор за работа внимателно слушајте и поставувајте осмислени прашања.