ГРЕШКИ НА ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА: Ги праќале луѓето директно во смрт?
Објавено во: Балкан 02 Август, 2018
Како што јавува Би-би-си, според Василис Дигалакис, професор на Техничкиот универзитет на Крит, полицијата во Грција во клучен момент им го блокирала сообраќајот на автомобилите преполни со луѓе кои се обидувале да избегаат од пожарот и ги испратила во сосема погрешна насока – на место кое набрзо потоа го голтнал пожарот.
Наместо луѓето во автомобилите да ги насочи кон главниот пат, авенијата Маратон, полицијата возачите ги насочувала кон север и југ.
„Нормално дека полицијата морала да го сопре сообраќајот на авенијата Маратон, но наместо на луѓето да им биде кажано да свртат полукружно, им дозволиле да бараат алтернативни правци за бегство, а единствените минувале низ Мати“- вели Дигалакис.
Неговите зборови ги потврдуваат и прелиминарните наоди на истрагата што ја спроведува тим на универзитетот на Атина, а кок истакна дека евакуацјата на Мати, местото кое најлошо помина во пожарите, била многу лошо организирана и предизвикала блокирање на сообраќајот и паника.
Во пожарот изгореле 305 автомобили.
Повеќе од една недела по пожарите во Грција кои однесоа 93 животи, во јавноста пристигнуваат сѐ повеќе информации за катастрофалните грешки на локалните власти.