„Грета Тунберг“ му се јавила на Заев, тој го довршил разговорот
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2019 12:13
Лажни профили му се јавиле телефонски на премиерот Зоран Заев и му се претставиле како светски познатата тинејџерска активистка за климатски промени Грета Тунберг и нејзиниот татко. Шефот на македонската Влада се посомневал во автентичноста, но сепак го довршил разговорот.
Ова го откри Марјан Забрчанец, советникот за комуникации на Заев, на денешната Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“.
Забрчанец додаде дека ова се случило пред неколку дена и разговорот го оцени како „хибриден напад пософистициран од оној неодамнешниот на руските пранкери“
Тој вели дека напаѓачите се јавиле од „брендирани канали“, но дека проверката која траела неколку дена покажала дека се работи за „хибриден напад“. По проверката било известено и семејството Тунберг.
Тунберг и Заев беа неодамна номинирани за овогодинешната Нобелова награда за мир.
Можеби ќе ве интересира
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти




