18 Декември, 2025
0.0733

ГРИПОТ ЈА ОДНЕСЕ ПРВАТА ЖРТВА - почина 14-годишно девојче со грип од типот Х1

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2020 13:55

Добивај вести на Viber

Грипот ја однесе првата жртва во земјава. 

Доктор Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот за јавно здравје, за Фактор потврди дека вчера во земајава починало едно четиринаесет годишно девојче, чија смрт, како што вели, е асоцирана со грип.

„Точно е дека добивме информација дека вчера починало девојче поради компликации. Исто така, точно е дека кај девојчето е лабораториски потврдено присуство на грип од типот Х1“, вели доктор Кузмановска.

Според неа, станува збор за девојче кое имало и друга хронична болест.

„Од тие причини ние не можеме прецизно да кажеме дека девојчето починало од грипот, туку велиме дека е смрт асоцирана од грип“, објаснува Кузмановска.

Инаку, факт е дека грипот коси во земајава. Преполни се ординациите на матичните лекари, но и болниците. 

Фактор вчера пишувапе кои се препораките на лекарите. 

Основна препорака до родителите, е да се работи на зајакнување на имунитетот на дечињата, преку збогатување на исхраната со минерали и витамини, како и со многу течности, а дозволено е да се употребуваат и имуностимулатори и имуномодулатори, кои ќе помогнат во зацврстување на организмот, како и негова подобра одбрана и борба против моменталниот вирус. 

Инаку, недела има 3.600 новозаболени од грип, а вкупната бројка дистигна 10.700. Засега нема потреба за затворање на училиштата за да се спречи ширењето на грипот, велат здравствените власти.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија