Грција: Без договор за долгот со ЕУ, ќе се обратиме кон други извори
Објавено во: Балкан 10 Февруари, 2015 12:20
Грчкиот министер за оддбрана Панос Каменос денеска изјавил дека, доколку Грција не успее да се договори со условите околу исплатата со меѓународните кредитори на цела Европска Унија, секогаш може да се свртат кон другите за помош.
„Ние сакаме договор. Но, ако тоа не е така, и ако видиме дека Германија се уште е остра и сака да се пробие кон Европа, ние имаме обврска да се свртиме кон планот Б. А тој план Б е да побараме средства од други извори“ изјави Каменос за една грчка телевизија, а пренесе Ројтерс.
„Тоа би можело да биде во најдобар случај Америка, исто така Русија, Кина или други држави“ изјавил грчиот министер за одбрана.
Каменос е лидер на десничарската пратија на Независни Грци, која се противи на острите мерки за штедење и е мал коалиционен партнер на оваа грчка влада предводена од Сириза и премиерот Алексис Ципрас.
Грција сака да се договори со еврозоната околу новите услови за отплата на долгот, што би им овозможило да го укинат поголемиот дел од мерките за штедење, кои официјална Атина мораше да ги воведе во замена за пакетот помош доделен во 2010 година од страна на ЕУ и ММФ. Членките на еврозоната, а посебно Германија не изразија подгорвеност да на било кој начин им попуштат на барањата на Грција и инсистираат на ветувања за штедење и економски реформи.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




