Грција ја предупредува Европа: Ние не блефираме, не прифаќаме ултиматуми!
Објавено во: Балкан 17 Февруари, 2015 10:09
Грција е спремна да нарави отстапки, но не можела да се согласи со ултиматумот, изјавил грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
Ова е неговата изјава по неуспешниот состанок со министрите на еврозоната во Брисел.
„Дојдовме овде подготвени на отстапки, а добивме ултиматум“ изјавил Варуфакис по четиричасовниот состанок, на кој Грција не успеала да се договори со останатите членки на еврозоната за продожување на режимот за отплата на долговите.
Тој изјавил дека Грција прифатила продолжување на сегашниот аранжман за финансиската помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, но не за драстичните мерки на штедење кои се наметнати во самиот договор.
„Не прифативме додатно да ги намалуваме пензиите и платите, бидејќи таквите мерки веќе донесоа до хуманитарни и друштвени кризи со кои се соочуваме сега“, изјавил Варуфакис.
„Во историјата на Европа ултиматум на никој не му донел добро “, изјавил тој и изразил надеж дека ЕУ ќе се предомислат.
„Веројатно дека ЕУ во рок од 48 часа ќе излезат со конкретен предлог“, изјавил грчкиот министер.
Состанокот на министрите за финансии во еврозоната е завршен во понеделникот навечер без договор за ноиот режим на отплата на грчкиот долг, со порака дека Грција мора да побара продолжување на аранжманите со кредиторите.
Варуфакис кој од неодамна предавал теорија на игри во универзитет, подвлекол дека Грција не блефира, дека изборните резултати се обврзувачки.
„Блеф е кога имате седмица, а правите дека имате единица. Ова не е игра“, изјавил Варуфакис.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




