Грција ја закрепнува државната радио и телевизија ЕРТ
Објавено во: Балкан 29 Април, 2015 14:30
Грчкиот парламент го одобри законот за враќање на државната корпорација за радио и телевизија „ЕРТ“, затворена со скандалот во 2013 година, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на локалните медиуми.
Обновата на „ЕРТ“ беше едно од предизборните ветувања на новата влада на радикалната левичарска партија СИРИЗА.
Затворањето на „ЕРТ“ на 11 јуни 2013 година предизвика шок во земјата и остри критики во странство, потсетува „Франс прес“.
Компанијата беше затворена со решение издадено од поранешниот премиер Андонис Самарас. Властите ја аргументираа мерката со загубите и трошоците на „ЕРТ“, но според опозицијата вистинската причина беше независниот карактер на медиумот.
Предлог-законот беше изгласан ноќеска главно од мнозинството на владејачката коалиција од радикалната левица и партија „Независни Грци“. Социјалистите од „ПАСОК“ и претставниците на центристичката партија „Реката“ гласаа по некои точки од проектот, а главната десничарска опозициска партија „Нова демократија“ гласаа против.
„ЕРТ“, чие управување чинеше 300 милиони евра годишно, беше заменета од компанијата на име Нери, која се очекува да се спои или ќе биде проголтана од „ЕРТ“, забележуваат агенциите. Нери беше со ограничен буџет и околу 500 вработени.
Предлог-законот предвидува враќање на 1550 поранешни вработени на „ЕРТ“, ако тие сакаат да работат во компанијата. Пред затворањето на корпорацијата работеа над 2600 вработени, но дел од нив се пензионираа, а други беа ангажирани од Нери.
Според изворите персоналот на новата „ЕРТ“ ќе брои 2.300 лица.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




