Грција ќе користи туристи како даночни инспектори
Објавено во: Балкан 06 Март, 2015 21:52
Грција ќе ангажира голем број лица, меѓу кои туристите и студентите да работат како тајни даночни инспектори во рамките на обидите на Атина за справување со даночната евазија тоа го изјави денеска грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
Во писмото до претседателот на Еврогрупата Јерун Дајселблум тој истакнува дека за справувањето со даночната евазија ќе бидат ангажирани „голем број непрофесионални инспектори“, опремени со уреди за видео и аудио снимки.
Според него информацијата од нив, ќе има правна тежина и ќе биде користена во работата на професионалните даночни инспектори.
„Самото сознание дека насекаде има илјадници случајни минувачи, опремени со уреди за снимање на аудио и видео за потребите на даночните власти, ќе го стимулира чувството за правда во општеството и ќе придонесе за создавање на нова даночна култура“, пишува уште Варуфакис.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




