Грција ќе треба да го реструктуира долгот
Објавено во: Балкан, Економија 11 Февруари, 2015 17:43
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјавил дека не е во можност брзо да го врати долгот, поради што е неопходно тој да биде реконструиран.
„Кога долгот неможе да бида отплатен, тогаш доаѓа до негово пресекување“, изјавил Варуфакис за германскиот магазин Штерн. „Суштината е што грчкиот долг не може да биде отплатен во блиска иднина“, додаде новиот грчки министер за финансии, а пренесе АФП.
Варуфакис предлогот на новата грчка влада за намалување на огромниот долг на неговата земја, денеска прв пат го изнесе пред министрите за финансии на еврозоната на состанокот во Брисел.
Станува збор за вонреден состанок посветен по прашањето на решавање на грчката должничка криза, а утре по тој поовд ќе се состане и Европскиот совет.
Официјална Атина е под притисок што порано да најде заеднички јазик со меѓународните кредитори, кои и позајмиле 240 милијарди евра во рамки на програмот за помош.
Премиерот на Грција Алексис Ципрас кој минатата недела посети бројни европски градови, ги отфрли условите од актуелниот програм на помош , кој истекува кон крајот на месецот, како и болните економски реформи и намалување на буџетот.
Грчката влада сака кредиторите да ги олабават условите наметнати во рамки на програмот, како и да и дозволат на Атина да ја зголеми потрошувачката на буџетот за да ја поттикне економијата.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




