05 Декември, 2025
0.0516

ГРЦИЈА-КРИЗА: Кои трансакции се забранети со јужниот сосед?

Објавено во: Финансии 01 Јули, 2015 07:44

Добивај вести на Viber

Секоја трансакција на релација Македонија-Грција, повисока од 10 илјади евра ќе биде засилено следена од монетарната власт. Се спушти “рампата“ за македонски вложувања во грчки фирми. Не е можно да се инвестира ниту во грчки хартии од вредност. Кој и по каков основ ќе биде засегнат од новиот пакет на мерки што го донесе Народната банка за забрана за одлив на капитал? Забрана за вложувања ... Ограничувањата поврзани со одлив на капитал и одредени транскации ќе ги засегнат македонските компании и физички лица кои веќе работат во Грција, имаат фирми таму или сакаат да вложат, коментираат економистите откако Народната Банка го соопшти пакетот на мерки со кои, како што објасни гувернерот Димитар Богов, треба да се спречи позначително нарушување во билансот на плаќања и нарушување на стабилноста на финансискиот систем. Во одлуката за превземените мерки, која експресно беше објавена во Службен весник, меѓудругото пишува: “На резидентите од Република Македонија им се забранува одлив на капитал кон следниве нерезиденти: правни лица со седиште во Република Грција и нивните филијали и подружници во Република Грција или во странство, физички лица со постојано место на живеење во Република Грција, физички и правни лица коишто остваруваат контрола во лицата од алинејата 1 од оваа точка и физички лица коишто се членови на органите на управување или надзор на лицата од алинејата 1 од оваа точка“ Според оценки на економистите, овој потег на НБМ не е задоцент и има превентивна улога за да се спречи одлив на капитал. Според поранешниот гувернер и еден од поранешните министри за финансии, со мерките за ограничувања ќе бидат засегнати, особено фирмите од земјава кои работат во Грција. “Ова значи дека нема да бидат можни вложувања во фими во Грција или нивни подружници во странство, но се забрануваат и капитални одливи кон физички лица кои практично се јавуваат како доминатни сопственци во такви фирми или се членови на роковдни тела. Сумирано, овие мерки значат дека нема да биде можно ниту инвестирање, вложување во финансиски или пензиски фондови во Грција, купување на акции во грчки државни фирми, односно вложување на се што значи капитал“, објаснува поранешниот гувернерот Гошев. Во исто време , под засилена контрола се ставаат и трансакциите повисоки од 10 илјади евра. “Овластената банка е должна до Народната банка на Република Македонија да доставува извештај за сите извршени одливи кон лицата од точката 2став 1 од оваа одлука (образец 1), коишто надминуваат 10.000 евра во денарска противвредност“, се вели во одлуката на НБМ . Според економистите, и оваа мерка упатува на сериозно зголемена претпазливост. “Ова значи дека секој одлив поголем од 10 илјади евра кон Грција ќе биде засилено следен преку банките“, велат економистите. Со пакетот на забрани практично се оневозможуваат и позајмици од Македонија кон Грција. Мерки за банкарскиот сектор .. Дел од објавените мерки за забрани и ограничувања ги засегаат македонските банки , особено оние со странски капитал. Во одлуката на Народната Банка пишува: “Овластената банка е должна да ја сведе на нула и да не ја зголемува состојбата на своите сметки во банки со седиште во Република Грција и нивните филијали и подружници во Република Грција или во странство“. Со оваа мерка, Народната Банка уште позасилено го штити капиталот на банките а со тоа и сигурноста на штедачите, оцени гувернерот Богов. “Македонските банки немаат депозити или други вложувања во Грција, но имаат дадено позајмици на грчки банки во регионот, особено во Романија и малта. Со новите мерки, домашните банки се задолжени да си ги повлечат тие пари“, изјави Богов. Според гувернерот, банките во земјава, вклучувајќи ги и двете банки со доминантен грчки капитал, Стопанска и Алфа банка, се стабилни и отпорни на грчката криза. Овие две банки зафаќаат 22% од вкупната банкарска актива во земјава. Извори од банкарскиот бизнис велат дека овие одлуки ќе бидат почитувани и дека македонските банки ќе постапат по нив. “Што се однесува до мерката за повлекување на пари од странски сметки, таа не е спорна ниту пак ќе биде проблематична. Главно банките не се изложени кон надвор, а оние средства што се на страснки сметки, за кои посочува НБМ се резултат на интербанакрски днавни трансакции и не е проблем сметките да се сведат на нула“, коментираат понавачите на банкарскиот бизнис. Народната Банка оцени дека ситуацијата во банкарскиот сектор во Македонија е нормална и дека  банките, вклучувајќи ги и оние во сопственост на доминатни грчки акционери, работат нормално и редовно и нема никаква причина за загриженост. Со соопштение веќе се огласи и Стопанска Банка – Скопје која е во доминантна сопственост на Национална Банка – Грција.Од банката информираа дека Стопанска Банка, како независно правно лице кое работи во рамки на македонската законска регулатива целосно почитувајќи ги мерките на Народната банка на РМ, продолжува со извршување на редовните банкарски активности, при што сигурноста и стабилноста на депозитите останува на највисоко ниво. “Високата капитална и ликвидносна позиција на Банката, која е изградена во досегашниот период како гарант на сигурноста и стабилноста на Банката, ќе биде зајакната со најавената одлука за зголемување на капиталот за дополнителни 35 милиони евра. Со тоа Банката продолжува да биде еден од основните столбови на банкарскиот систем и економијата во земјата“, беше посочено во соопштението. Овие мерки стапија на сила во понеделникот, со нивното обајвување во Службен весник. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката