Грција нема да се спаси без нови кредити, категорична е Еврогрупата
Објавено во: Балкан, Економија 29 Април, 2015 12:14
Грција има потреба од нови заеми, за да не потоне. Ова го изјавил претседателот на Еврогрупата Јерун Деиселблум во вторникот.
„Без идни кредити, Грција нема да се справи со кризата - тоа е реалноста“, изјавил Деиселблум во телевизиско интервју, цитиран од грчкото издание „Катимерини“.
Последни промени кои ги направи грчкиот премиер Алексис Ципрас со преговарачкиот тим нема сами по себе да го решат ќориот сокак меѓу Атина и нејзините кредитори, додаде Деиселблум.
Според него, за време на преговорите во последните два месеци е постигнат мал напредок, а одржувањето на референдум за договорот со кредиторите не е добра идеја.
Ципрас предходно најави дека ако условите за евентуалната зделка со кредиторите, предложена на Грците, се разминува со предизборната платформа на СИРИЗА, таа ќе биде тестирана на референдум.
„Ќе чини пари, ќе создаде огромна политичка неизвесност, а и не мислам дека имаме време. Исто така не мислам дека Грците имаат време за такво нешто“, категоричен беше Деиселблум.
Според зборовите на Холанѓанецот не треба да биде изненадување за грчката влада ако Европската централна банка (ЕЦБ) не ги олабави условите за тоа колку грчки државни обврзници можат да ги користат банките како капитал.
„Грчката влада се потпираше на тоа дека ако продолжи да преговара со нас, ЕЦБ ќе ги отвори сефовите за Атина и ќе и ги олесни условите“, коментира Деиселблум.
„Лесен пристап до финансирање од ЕЦБ сепак нема да има се додека не се постигне стабилен договор во Еврогрупата. Тоа им беше кажувано постојано“, категоричен беше холандскиот министер за финансии.
Говорејќи во ист тон еврокомесарот за економски прашања, Пјер Московичи денес за француска телевизија, потврди дека разговорите напредуваат „не толку брзо како што треба, и се водат по незадоволителен начин“.
Сепак Московичи ја дефинира како добар знак одлуката на Алексис Ципрас да ја ограничи интервенцијата на министерот за финансии Јанис Варуфакис во преговарачкиот процес по неуспехот во преговорите на средбата на министрите за финансии во Рига минатиот петок.
„Важно е дека Ципрас се впушти лично во преговорите и испраќа во Брисел свои луѓе, луѓе на кои може да се има доверба и луѓе со кои можеме да разговараме“.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




