06 Октомври, 2024
0.0278

Грција воведува повисок ДДВ за храна и превоз

Објавено во: Економија 17 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Сопственици на хотели ги предупредуваат туристите.

Новите стапки на ДДВ во Грција, кои беа изгласани во Парламентот во рамките на реформите потребни за добивање на третиот спасувачки пакет, ќе бидат воведени уште во понеделникот, соопшти грчкото Министерство за финансии. Според сметките на кабинетот од новото оданочување во државната каса треба да влезат 2,39 милијарди евра годишно.

Зголемувањето на ДДВ за хотели од 6,5 на 13% ќе стапи во сила од октомври, по завршувањето на туристичката сезона, пренесе РИА Новости. Уште сега сепак данокот од 23% се воведува за голем број на стоки, како и за патувањата во јавниот транспорт, такси-возилата, билетите за авионите и бродовите. 23% ќе плаќаат исто рестораните и таверните. "Гардијан" наведува дека менаџери на хотели веќе ги предупредуваат гостите дека ако имаат појадок во собата, таа ќе поскапе со воведувањето на ново ДДВ за храната и пијалоците и после понеделник ќе треба да си доплатат.

Се зголемува од 5 до 8% и данокот на доход на претседателот на Републиката, претседателот и заменик-претседателот на парламентот, пратениците, премиерот и вицепремиерот, министрите и замениците, претставниците на регионалните и локалните органи на власта, европратениците и градоначалниците.

Во четвртокот беше соопштено дека грчките банки ќе отворат во понеделникот, откако Европската централна банка додели 900 милиони евра за кревање на плафонот на итната ликвидност. Шефот на Централната банка на Австрија, кој е и член на Управниот совет на ЕЦБ, сепак, изрази сомневање дека отворањето во понеделник ќе се случи. Во петокот се очекуваше исто земјите од ЕУ да објават дали ќе кажат "да" за одобренија од еврозоната итен кредит од 7 милијарди евра. Со него Атина треба да ги покрие своите обврски кон ЕЦБ и ММФ.

Во петокот повторно западните медиуми прогнозираа дека промените во Владата ќе започнат секој момент. На удар се министрите за енергетика и на социјалните грижи, кои гласаа против договорот. Првиот, за кого се смета дека сигурно ќе си замине, е министерот за енергетика Панајотис Лафазанис.

На министерскиот состанок во четвртокот вечерта премиерот Алексис Ципрас ги критикувал жестоко пратениците на СИРИЗА, кои го бојкотираа договорот. Нивното однесување е во спротивност со принципите на другарство и солидарност во овој судбински момент, рекол налутен Ципрас.

Во исто време премиерот на Грција ја исклучи можноста од предвремени избори и покрај блескавиот недостаток на поддршка во СИРИЗА за договорот со доверителите. Според него до склучувањето на зделката, гласање нема да има. Грчкиот министер за внатрешни работи, Никос Вуцис, кој е меѓу најверните луѓе на Ципрас, изјавил дека предвремените избори во Грција можат да бидат спроведени во септември или октомври.

Директорката на ММФ Кристин Лагард изјави дека прашањето за привремено излегување на Грција од еврозоната веќе не е на дневен ред. Да не се зборува повеќе за Грексит, повика и шефот на Еврогрупата Јерун Дејселблум. Лагард сепак продолжува да инсистира дека за да излезе земјата од кризата, потребно е преструктуирање на долгот, вклучувајќи и простување на дел од него.

Шефот на Европскиот совет Доналд Туск, пак, предвидува дека уште ова лето може да има нова средба на врвот за Грција, бидејќи постигнатиот договор на 13 јули не дава доволно гаранции за наредните години.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?