16 Декември, 2025
0.0383

Грците ја продаваат историјата

Објавено во: Балкан 05 Мај, 2015 08:23

Добивај вести на Viber

Роднини, сопственици и наследници на познати знаменитости во Грција ги продаваат своите историски куќи, вили и апартмани, бидејќи не се во состојба да ги одржуваат и да ги покриваат трошоците за нив. Вилата во која Марија Калас живеела како дете, е напуштена со години, а сопственикот на имотот, кој се наоѓа во Атина, се согласил таму да се отвори музичка академија која ќе го носи името на светски познатата оперска пејачка. На пазарот на недвижности од 2012 година е и вилата на Демис Русос, која е со површина од 400 квадратни метри, а за неа се бараат два милиони евра. Минатата година родната куќа на познатиот грчки поет, романсиер, драмски писател, историчар, литературен критичар и преведувач Костис Паламас во градот Патра на полуостровот Пелопонез беше продадена, а нејзин сопственик стана 75-годишниот Грк Танасис Стефанопулос, кој има бизнис во САД. Куќата на светски познатиот грчки писател и мислител Никос Казанцакис, во која тој добил инспирација за најголемите дела, но не се наоѓа во Грција, туку на француската ривиера, исто така се нуди од агенциите за продажба на недвижности. Таа е во Антиб (Франција), каде писателот и неговата сопруга се сместуваат во 1948 година. Заедно со него историски имот, каде што се напишани значајни страници од животот на фамилијата Оназис, исто така, е пуштен на продажба за сума од 12,5 милиони евра, но досега нема интерес за него. Станува збор за терен од 3,5 хектари во прочуениот атински кварт  Глифада, кој се наоѓа во близина на морето и до познат регион со голф терени во грчката престолнина, еден од најскапите во земјата. До пред неколку години таму се наоѓала една од куќите на фамилијата Оназис, која, за жал, беше урната од еден од следните сопственици. Теренот беше продаден од внуката на Оназис Атина пред пет години, но подоцна сменил двајца сопственици. Со години на продажба е и луксузната вила на легендарниот гитарист на Пинк Флојд - Дејвид Гилмор на островот Родос. Таа е на површина од 575 квадратни метри и е место на кое светскиот музичар долго време живеел. Одамна на истиот остров се нуди и напуштена вила изградена за италијанскиот диктатор Бенито Мусолини. Вила Де Векио е изградена за него во 1936 година но тој бил убиен, пред да успее да ја посети. Двокатна зграда од дрво и камен - импресивна убавина. Таа е изградена на еден рид и од неа има неверојатна глетка кон Егејското Море. Вилата е изградена од италијанскиот благородник и верен поддржувач на Мусолини Чезаре де Векио. Самиот Мусолини пак имал план да го користи Родос како морска база од која ќе создаде нова Римска империја и ќе го шири италијанското влијание на Блискиот Исток. Неодамна стана познато дека историската вила на фамилијата Папандреу во атинскиот елитен кварт Пали Психико, во која живееле три генерации политичари - таткото Јоргос син му Андреас и неговиот син, исто Јоргос, е објавена за продажба од внуците, а бараната за неа цена е 1,8 милиони евра. Листата е надополнета од имот на познатата грчка актерка Ели Ламбети и на пејачот Димитрис Митропанос, чиј дом, познат како "црвената соработка", беше претворен во резиденција на амбасадорот на Венецуела, како и од недвижиности на уште многу други познати личности. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата