ГРУБИ ВЕРУВА ДЕКА ЌЕ НАЈДАТ ШЕСТМИНА ОПОЗИЦИСКИ ПРАТЕНИЦИ КОИ ЌЕ ГЛАСААТ „ЗА“ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ - секој ден имаме контакти со ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2022
Заменик премиерот Артан Груби вели дека од ДУИ секојдневно имаат контакт со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и тој е убеден дека дел од опозициските пратеници ќе гласаат за уставните измени.
Ова тој го кажа во вчерашното гостување во ТВ 21.
-Уште шест пратеници кои се потребни за уставните промени ќе се најдат во редовите на опозицијата, која исто така е составена од повеќе партии внатре во коалиција со ДПМНЕ. И таму има проевропски пратеници кои ќе гласаат за промените. Сега имаме 74 пратеници, 64 владината коалиција, осум Алијанса за Албанците и двајца БЕСА, а уште шестмина ќе најдеме кај опозицијата. Контакти со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаме секој ден, дел од нив ќе гласаат, убеден сум, рече Груби.
Тој откри и дека комуницира со Христијан Мицкоски, кој во разговорите барал предвремени избори и негирал секаква поврзаност со Русија.