Груевски: Државата е нападната, само народот може да ја одбрани
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2017 18:33
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил пишува дека ако народот не биде доволно активен и доволно упорен, Република Македонија нема да е Република Македонија и на неколку пати во неколку фази ќе заврши операцијата.

Но, според него, ако народот биде активен и упорен и ако не потпадне и не се пасивизира под суптилната медиумска пропаганда, нема никаква можност за успех на операцијата. Таа ќе пропадне и ќе биде поразена, смета Груевски.
„Кога државата е нападната, само народот може да ја одбрани. Не можат само политичарите, особено кога еден дел од нив се борат за заштитат, а друг дел се на спротивната страна. Оваа шанса народот ја имаше на изборите. Во кампањата говорев секој ден за тоа. Погледнете ги моите обраќања во Штип, Велес, Скопје. Дел добро ме разбраа. Некои не веруваа, мислеа дека со тоа само сакаме да добиеме гласови, а СДСМ да ги загуби. Денес се’ помалку има такви, но главниот воз е пропуштен. Сега е последниот воз. Сега е тоа време“ - пишува Груевски.
Основната причина за целата операција за рушење на власта и носење на Зоран Заев е слабеење на државата со цел промена на името и идентитетот на Македонците, наведува тој. Според Груевски, тоа е главната и основна причина заради која е започната операцијата за рушење на ВМРО од некои надворешни центри. Овој процес може да донесе и до губење на државата.
„Ако народот остане рамнодушен, ќе ја превземат државата, комплетно ќе ја редефинираат и ќе управуваат со тој народ“ - додава Груевски.
Вели дека ова е операција која во голема мера е поддржана од СОРОС.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




