Груевски го нема и на Комисија за уставни измени
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2018 12:33
Екс премиерот, Никола Груевски денеска не дојде на Комисија во Собранието.
Тој не се појави на Комисијата за уставни измени, каде денеска се раправа за третиот нацрт-амандман во втората фаза од процесот за уставните измени, објави Макфакс. Груевски претходно побара одложување на затворската казна.
Груевски утрово не се појави ниту во затворот Шутка, каде треба да ја отслужува затворската казна во времетраење од две години за предметот „Тенк“ поврзан со набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.
Кривичниот совет вчера ја потврди одлуката на судијата за извршување на затворската казна.
Инаку, вчера помина и вториот нацрт амандман за уставни измени во собраниската Комисија за уставни прашања.
Имаше девет гласа „за“ и седум „против“. Со вториот нацрт амандман за измена на Уставот во Преамбулата на највисокиот правен акт одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




