29 Март, 2024
0.0347

Груевски: Ќе дојде крај на луѓето кои сега прават политички прогон

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Јасно е дека во недостаток на проекти и паметни работи, портпаролот на СДСМ има добиено насока да ме спомнува во секоја прес конференција и за сѐ и сешто, напиша на Фејсбук, екс премиерот Никола Груевски. 

„Очигледно мислат дека така им се поинтересни прес конференциите. Јас најчесто ги игнорирам овие секојдневни нивни прес конференции, соопштенија, изјави и секојдневни лаги, но вчера и денес решив малку за промена да им одговорам, колку да потсетам за какви измамници се работи. Вчера ги демантирав за предметот за патиштата каде лажеа дека сум одел на суд за наводни земени провизии. Кажав дека одам на суд заради обвинение (член 359 од ЗКП), дека сум влијаел да се изградат патиштата со цел да остварам корист со тоа што ќе сум добиел политички поени пред гласачите на изборите заради завршената градба на патиштата. Знам дека на многумина не им се верува дека тоа е можно, ама така е. И многумина мислеа дека за набавеното блиндирано возило Мерцедес сум осуден заради некаква измама, провизија, злоупотреба на буџетски пари и сл., но и таму сум теретен за истиот член-сум влијаел да се купи возилото бидејки сум сакал покрај другите ВИП гости и јас понекогаш да бидам превезуван во него. И за тоа ,,независните“ судии оцениле дека требало да одам 2 години во затвор. Денес истиот портпарол објави дека моите адвокати побарале поништување од Уставниот суд на член 353 став 5 и ја извести јавноста дека со тоа сакале да издејствуваат амнестија за мене, ама СДСМ немало тоа да го дозволи. Ја известувам јавноста дека јас немам обвинение по член 353 став 5 кое се однесува на злоупотреба на сл.должност поврзани со јавни набавки или штета на буџетот. Всушност јас немам обвинение кое ме терети за било што поврзано со корупција, провизии, имотна корист, јавни набавки и слично“- пишува Груевски. 

Вели дека освен што го теретат за рушењето на дивоградбата на Фијат Цаноски, го теретат и за потикнување насилство, за шлаканици кои не постојат и во Титаник за работи поврзани за изборите.

„Сепак, СДСМ се труди со сите сили да создаде перцепција дека на суд одам заради финасиски злоупотреби и проневери, и во секое нивно соопштение или прес конференција се трудат да создадат таква слика во јавноста. Еден ден ќе дојде крај на луѓето кои сега прават политички прогон, а со тоа и на нивните пиуни кои секојдневни ја лажат јавноста. Што ќе прават потоа?“, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.


Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“