29 Март, 2024
0.0273

Груевски се појави на плакат како „Орбановиот ВИП-мигрант“

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Екс премиерот, Никола Груевски се појави на плакат како „Орбановиот ВИП-мигрант“ и виси на унгарскиот парламент.

Пратениците од унгарската опозициска Демократска коалиција поставија плакат со ликот на избеганиот Груевски на еден од прозорците на својот парламент, со зборовите „Орбановиот ВИП-мигрант“, јавуваат унгарски медиуми.

„Неделава го напаѓаме Фидес со нашето оружје. Претставниците на Демократска коалиција во парламентот ќе зборуваат за еден случај на илегална миграција во Унгарија, случајот со македонскиот премиер“, соопштија од ДК.

Опозициските партии денеска во парламентот побараа формирање анкетна комисија за случајот со Никола Груевски за да се утврди евентуалната вмешаност на унгарските власти во бегството на осудениот поранешен премиер, а минатата недела ја повикаа унгарската Влада да го уапси и брзо да го екстрадира Груевски.

Унгарската националистичка партија Јобик, како и левичарските партии како Дијалог и Демократска коалиција, порачаа дека на Груевски треба да му биде одбиен азилот и дека тој треба да биде екстрадиран во Македонија.

Пратеникот и портпарол на Јобик, Адам Миркоцки, тогаш ја нарече ситуацијата „скандал без преседан“. Кажа дека Груевски е „баран криминалец“ од земја што не е во војна и дека не е прогонуван од верски или од политички причини.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење