Груевски се спаси во Унгарија - еве ги грчките наслови
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2018 19:04
„Груевски потврди дека доби азил во Унгарија“; „Груевски се спаси во Унгарија, потврди дека доби политички азил“; „Унгарија му даде политички азил на Груевски“; „Унгарија: Груевски доби политички азил“, се дел од насловите на текстовите, во поголемиот дел, преземени од текстот на грчката новинска агенција АНА-МПА, во онлајн изданијата на грчките медиуми за добиениот азил во Унгарија за поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчката новинска агенција потсетува дека Груевски побегна пред една седмица, а во периодот од 2006 до 2016 беше премиер.
Грчката државна телевизија ЕРТ, во кусото издание на вестите во 18 часот по локално време, ја објави веста и коментираше дека Унгарија му дала азил на Груевски и покрај реакциите и потсети дека унгарскиот премиер Виктор Орбан го поддржал поранешниот македонски премиер, пред последните парламентарни избори кај нас.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




