ГРУЕВСКИ СИ ЈА НАРЕДИ ВО УНГАРИЈА: Што се добива со азилот од Орбан?
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2018
Никола Груевски доби азил во Унгарија со рекордна брзина, бидејќи Канцеларијата за бегалци проценила дека тој во сопствената земја бил изложен на прогон од полтички причини. Тоа се гледа од соопштението на МВР на Унгарија, каде се наведува дека Службата постапила правилно согласно законот и дека се неоправдани критиките на опозициските партии.
Тие критики се упатени кон директорот на Државната канцеларија за доселување и државјанство на вчерашната затворена седница на парламентарниот Одбор за национална безбедност, кој, покрај другото, изјавил дека информациите за (не)давање на азил може да ги дава само лицето кое го побарало и Високиот комесаријат на ОН за бегалци. Прв тоа го направи самиот Груевски на Фејсбук, а потврдата ја дал владиниот близок весник "Mađar idek" (Унгарски времиња).
Претседателот на спомнатиот одбор Адам Миркоски, член на опозициската Јобик, денес свикал нова, вонредна седница, на која како што изјавил за унгарски медиуми, ќе побара објаснување од министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер како Груевски дошол во Унгарија, кој му помогнал во тоа, и кој му пружил засолниште.
-Чекам и изјава за тоа кој е виновен за низата лаги и измами во случајот без преседан во изминатите 28 години. МВР прекрши низа закони, а сите нас во одборот цело време не измамуваа-додал Миркоски.
Либералниот ЛМП соопштил дека Владата на Виктор Орбан “застанала на страна на еден криминалец, бидејќи тој во Македонија не е осуден поради политички погледи и сфаќања, туку поради корупција“. Социјалистите порачаа дека „враната на врана не и ги копа очите“ и дека (владеачката) „Фидес пред своите граѓани и светот покажала дека Унгарија има таква влада која претходно пуштила на слобода еден убиец со сатар, а сега му пружа гостопримство на еден осуденик“.
Според мислењето на исто така опозицискиот Дијалог, унгарската влада „повредила низа домашни и меѓународни закони, а Орбан земјата ја претворил во дом на политичко ѓубре“.
Со добиениот азил Груевски ќе може да престојува во Унгарија три години, да гласа на локални избори, да бара работна дозвола. Обезбедена му е меѓународна заштита, што значи дека не може да биде испорачан на некоја друга држава, ниту да биде протеран. Има право на здравствени услуги, на парична помош од 28 500 форини (100 долари) месечно, а статусот на азилант го добиле и неговите најблиски членови на семејството.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.