Груевски: Стратешкото партнерство со „Филип Морис“ ја обезбедува иднината на Тутунскиот комбинат „Прилеп“
Објавено во: Економија 28 Август, 2013 19:00
Веста дека меѓународниот гигант и еден од најголемите светски брендови за производство на цигари „Филип Морис“ станува стратешки партнер на Тутунскиот комбинат „Прилеп“ ја потврди и Премиерот Никола Груевски.
„Тутунскиот комбинат и „Филип Морис“ планираат да произведуваат Марлборо во Прилеп. Ова стратешко партнерство значително ќе му помогне на Тутунски комбинат да ги надмине сите економски потешкотии кои ги имаше во изминативе години, но и претходно. Сега ова е една нова димензија во која влегува светски бренд, влегува со свои брендови, со свој начин на работење, се вклучува и негов менаџмент кои ќе работи заедно со нашиот менаџмент, со свои пазари за продажба, со свои начини на продажба со што комплетно ќе се сменат работите на подобро, изјави Груевски“, пренесе „Курир“.
Тој изрази задоволство што долгите подготовки за анимирање дале резултат и успеале да најдат сериозен партнер кој што е гаранција за ТК во Прилеп дека во иднина не само што ќе опстојува туку и ќе оди напред.
Наскоро се очекува да биде потпишан и договор, а на почетокот на наредната година се очекува да почне со работа.
„Тоа е голема работа за Прилеп, бидејќи добро знам што значи за луѓето тој Комбинат, колку луѓе вработува, колку семејства опстојуваат. Ова е едно убаво решение кое со децении сме го посакувале. Ова е работа која требаше да се случи во 1993 или 1994 година кога големите брендови влегуваа во источните држави. Сега можам само да помислам каде ќе беше Прилеп и Прилепскиот тутунски комбинат ако се вложеа напори во тоа време наместо меѓу себе да си ги поделат акциите и да си го приграбат капиталот за симболични речиси никакви пари, наместо да бараат вакви партнери како што ние бараме“, подвлече Груевски.
Можеби ќе ве интересира
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?




