19 Декември, 2025
0.0594

Груевски: Затоа што за ова патолошки опседнато со мене и фрустрирано водство на СДСМ, веројатно крив сум што сум жив

Објавено во: Македонија 17 Април, 2018 12:35

Добивај вести на Viber

Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук напиша детално образложен статус за Македонија.

-Интересно е во овие 27 години независност на Македонија, годините на светски и европски раст на економијата најчесто се поклопуваше со владеењето на СДСМ и нивните мандати и обратно, ВМРО-ДПМНЕ ја имаше таа несреќа и истовремено чест, да ја води Македонија во кризни економски години во светот или Европа. Тоа беше среќна околност за Македонија. Еве на пример сега. Светската економија расте. Европската економија силно расте. Но, колку треба да имаш промашени економски политики, да секогаш кога светската или европската економија растат, Македонија да е на дното по економски раст. И колку треба умешност и знаење, кога светската и европската економија опаѓаат и кризираат, Македонија да е на самиот врв по висината на економскиот раст во Европа. Сега БДП или поедноставно кажано, економијата во земјите во Европа расте во многу земји и по 4, по 5 па и повеќе проценти, а ние кризираме околу нулата и сме во групата на три земји со најнизок раст, се вели во статусот на екс премиерот.

Груевски посочува дека за волја на вистината и нив им се погодила една и пол година кога економиите во светот и во Европа растеа. 

-Па така, во 2007та го достигнавме највисокиот раст што било кога македонската економија го имала, раст од 6,1 процент. Во 2008ма, кога во втората половина на годината веќе започна светската финансиска криза, втора најголема на сите времиња после онаа од 1929та, ние “испливавме„ со раст од 5 проценти. Да задоцнеше светската финансиска криза за барем 6 месеци, ќе остваревме нов сопствен рекорд од околу 7 проценти раст на македонската економија. Но, ние не правевме само сопствени рекорди. Сѐ до длабокото влегување во политичката криза создадена од СДСМ во 2015тата, не само што редовно светската банка не вбројуваше меѓу топ реформаторите во светот постојано растејќи на ранг листата на Дуинг Бизнис, ние редовно бевме помеѓу првите 2-3 земји со највисок економски раст во Европа. Дури и во онаа 2009та кога се почувствува колуминација на светската финансиска криза, имавме трет најдобар резултат во Европа, кој всушност беше минорен пад, во услови во кои на пример Словенија имаше пад од 5.5 проценти од БДП. Сега, Словенија има раст околу 5.5 проценти, а ние се тетеравиме околу нулата. На што се должи ова? Ако го прашате Заев или СДСМ, се знае кој е одговорот: па на Никола Груевски се должи. Нели јас сум крив за се сега. А зошто? – Така!!! Затоа што за ова патолошки опседнато со мене и фрустрирано водство на СДСМ, веројатно крив сум што сум жив. Нивното неработење и неспособност, најмногу доаѓаат до израз кога ќе се споредат со нас, со ВМРО-ДПМНЕ и со нашите резултати. А знаете што треба да биде македонската економија во време кога најмоќните европски земји и Америка економски растат: преплавена со нови нарачки за производство за извоз на економските партнери во Германија, Англија, Франција, Белгија, САД итн… Преплавена!!! Да не може да постигне. Тоа значи и нови вработувања и влијание на сериозен и реален раст на платите на веќе вработените, а не во вакво време да треба да штимате статистики за да прикажете повисока просечна плата, пишува Груевски.

Преплавена и со странски инвеститори кои заради зголемениот број на работа и нарачки бараат локации за брза изградба на погони за производство за да ги реализираат своите веќе склучени договори за продажба. Тоа уште повеќе значи нови работни места и реален притисок за пораст на платите на веќе вработените.
А ние се занимаваме со глупости. Најголем успех на градоначалникот на Скопје му е што го тргнал споменикот на македонскиот војвода Ќосето и две недели оди насмеан и горд заради тоа, наместо во овие три месеци владеење да донесеше и сместеше во Скопје барем 5 нови гиганти од автомобилската, фармацевската или ИТ индустријата. Се занимаваме со тоа колку ручеци изел Заев, а колку министерот за економија и дека демек тие помалку јаделе од некој друг, вели Груевски.

-Се занимаваме со ситење, што дел поранешното раководство на ВМРО го влечкаат секој ден по судови за фабрикувани случаи и со апла наместени судии на СДСМ да ни судат. Се занимаваме со тоа дали од оградата на владата ќе правиме клупи или што би рекол Амди Бајрам – сапун. Се занимаваме со апсења на невини граѓани кои протестираа за унитарноста на Македонија. Се занимаваме со лаги на премиерот дека се отворила нова фабрика Санос која секојдневно ќе произведува и извезува автобуси низ цел свет. А зошто да се лажеме, кога може со малку труд и посветеност на енергијата на позитивни нешта, не една, туку три или пет такви да донесеме или помогнеме да реално се создадат и работат, произведуваат автобуси… и вработуваат невработени. Се занимаваме од шупло во празно и се занимаваме со судски реформи од кои нема да има никаква корист, бидејќи нема судски реформи за главите на политичарите и судиите, бидејќи од таму се проблемите, а не толку од законите. Се занимаваме со незаконско носење на неуставни закони за употреба на јазиците, невешто и недостоинствен начин за изнаоѓање на решение за името и со зголемување на даноците. Штета, се вели во статусот на Груевски.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината